Десетте милиони евра инвестиции на Локалната самоуправа, целосно ги променија условите во образованието во Прилеп. ООУ “Блаже Конески” e eдно од училиштата каде промените се највидливи. Во периодот од 2008 година до денес, во училиштето се инвестирани повеќе од 15 милиони денари, а денешните услови во централното училиште во населната “Точила” и подрачното во населбата “Варош”, се непрепознатливи.
За реализираните проекти и идни планирани активности, вчера на пресконференција говореше директорката на училиштето Марија Дулеска.
Ова е новиот лик на училиштето, што значително ги подобри воспитно – образовните услови во оваа образовна институција.