Верувавме во него и постојано известувавме за неговите успеси, а тој денеска ни возврати со огромен успех за целата нација.
Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал во категоријата над 80кг. во таеквондо на Олимпијадата во Токио и не направи неизмерно среќни.
Деки е вистински шампион, има само 22 години, а ова сребро многу лесно ќе биде и злато во иднина.
Ти благодариме од срце за поздравот и ти посакуваме уште повеќе медали и успеси во иднина.