Човек од Непал го каснала отровна змија, а тој и се одмаздил така што ја изгризал до смрт, известила полицијата.
Мохамед Салмо Мија работел на својата нива, кога го каснала отровна кобра.
“Фармерот од лутина ја убил белата кобра со заби”, изјавил за AFP шефот на локалната полиција Ума Прасад.
“Бев лут што ме касна. Ја следев, ја фатив и ја изгризав до смрт”, рече 55-годишниот фармер за локалните медиуми.”Mожев да ја убијам со стап, но бев бесен и сакав да и вратам во иста мера”.
Ф.Г.