Со транспарентот „Излези ЗА! европска Македонија” граѓаните ги предводеа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Собирот е пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија, а започна со интонирање на македонската химна и на Одата на радоста.
Преполни автобуси денеска од сите градови пристигнаа во Скопје по повод митингот на СДСМ во Скопје. Според сознанија, главно биле донесени пропадници на етничките заедници, повеќето Албанци, и уценети админисгтративци, кои под закана излегле на маршот на СДСМ.
Откако СДСМ доби шамар од скопјани и не доби поддршка од народот партијата мораше да носи симпатизери и членови на партијата од цела Македонија
Автобусите беа се паркирани долж булеварот партизански одреди во Скопје, а тие се со регистарски таблички со речиси од сите градови на државата.
Со членови и симпатизери од цела Македонија СДСМ ќе бара влез во европската унија и НАТО среде Скопје и пред скопјани кои се против промена на името.
Инаку утрово се појавија и фотографии како партиски членови делат сендвичи во Делчево при тргнувањето за Скопје.
Извор: “Курир”