Градежниот институт информира за изменет сообраќаен режим на два магистрални патишта во Македонија.
Според информацијата од 11.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.
-Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, информираат од институтот.
Вториот изменет соображаен режим е на делницата Тетово-Гостивар.
-Започнувајќи од 05.12.2023 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот. Исто така се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот. Времениот режим на сообраќај е со важност од 6 месеци, односно се до завршување на градежните работи, се вели во информацијата од Градежниот институт.