Осигурените лица од утре ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.
Инаку, фармацевтската комора на Македонија не ја поддржа оваа одлуката на Фондот за здравство, лекови издадени на рецепт, од аптека да се подигнуваат само лична карта или со пасош. Велат дека тоа ќе создаде хаос во аптеките и нема да придонесе за контролата која сака да ја прави здравствениот фонд.
-Се поставува прашањето, дали сме смееме да им бараме лична карта или пасош на пациентите или лицата кои сакаат да земат лек во име на пациент. Второ, дали е ова контролен механизам на давање на терапиите од страна на лекарите или фармацевтите. Мислам дека посебен акцент треба да ставиме на описот на соодветната терапија за пациентот. Ова не е начин за контролира на издавањето лекови, било во аптеките, било од матичниот лекар, изјави претседател на Собранието на Фармацевтската комора Имер Имери, неодамна за Алсат М.