Од Стојаково до Ница и Монте Карло со 40 години старо “Рено 4” – Двајца Македонци направија подвиг за паметење (ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Ѓорги Николов и Џоко Шуклев од Стојаково, реставрираа “Рено 4” старо 40 години и тргнаа за Франција да го прошетаат Азурниот Брег, но и да земат учество на автосаемот за олдтајмери во Монте Карло.

Далечината од речиси 2.200 километри од Стојаково, до Ница на Aзурниот Брег ја поминаа за три дена, со мали одмори кај пријатели од поранешните југословенски републики. Својата авантура ја започнаа на 13-ти август, а во Ница пристигнаа на 16-ти.

Автомобилот „рено 4’’ од Стојаково предизвикал огромен интерес на автосаемот на олдтајмери во Монте Карло во Монако. Посетителите се изненадиле кога слушнале дека автомобилот доаѓа од Македонија и бил реставриран за само 2 месеци, а згора на сѐ дека патувале со него 2 .200 километри до Франција – велат Ѓорѓи и Џоко за порталот “СДК”.

Во продолжение проследете ја целата авантура на двајцата Македонци низ фотографии и видеа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.