Кога ќе се спомене Пекара ЏУЛИЈАНО од Прилеп, постои само еден синоним, а тоа е МАЈСТОРИ НА СВОЈОТ ЗАНАЕТ.
Три генерации во изминатите 50 години ја градат оваа успешна приказна и традиција, а за својот еснафлук и квалитет се пофалени без исклучок од сите.
Она што го започна Милан пред 5 децении, го продолжи синот Пеце, а неговите синови Давид и Милан се третата генерација пекари во семејството Дамески, кои продолжуваат да бележат успеси и да го прошируваат и унапредуваат бизнисот.
Умешноста им е во генот, па токму затоа пекарските тајни многу лесно ги пренесуваат од колено на колено, а продуктите се исти како од првиот ден.
Ако ги прашате прилепчани тие ќе ви речат дека во ЏУЛИЈАНО секогаш се’ е тазе и вкусно. Понудата на производи постојано ја надополнуваат со новитети, а за бурек им нема рамен. Во нивните продажни места во секое време ќе пронајдете превкусни бели печива, киснати кроасани, благи и солени, пици, зелници, крофни по германски рецепт, переци со биено сирење, варени гевреци, и еден куп други мајстории, како работата со тесто да им е игра. Најважно од се’, секој производ секогаш е приготвен со посебна љубов и внимание.
А сега семејсвото Дамески на прилепчани и сите посетители на градот под Марковите Кули, ќе им понудат нешто специјално, нешто што ќе биде вистински врв на нивната напорна работа во изминатите 5 децении. Во срцето на Прилеп, отспротива на новата општинска зграда, веќе од утре (07.08), со работа почнува новиот млечен ресторан “ЏУЛИЈАНО”. Eдно перфектно уредено место, каде муштериите на раат и во еден прекрасен амбиент ќе можат да уживаат во дегустацијата на нивните специјалитети.
Се работи за објект на два ката, внатре се е подредено, ново и чисто како во аптека… Со еден збор за МЕРАК!
Дамески се горди на своето дело, а како луѓе кои важат за општествено одговорни кон заедницата во која работат и создаваат, целиот промет од првиот работен ден ќе го донираат на социјално загрозени семејства, или на семејства на кои им се потребни пари за лекување и слично.
Во текот на целиот утрешен ден, производите ќе бидат со промотивни цени, а бурекот ќе се продава со гратис јогурт за секоја купена четвртина.
Нам ни останува да им посакаме среќа и успех, а вам ви препорачуваме уште утре да ги посетите и да им дозволите да се погрижат за еден од вашите дневни оброци.
Честитки и аирлија работа!