Од синоќа до недела Велес е центар на случувањата во Македонија: Спектакуларна прва фестивалска вечер на велешката Питијада (Видео)

Од вчера до недела Општина Велес, по три години пауза, повторно ја организира „Велешка питијада“, фестивалот на велешката пастрмајлија и македонски вина од Велес и цело Повардарие. Освен пита и вкусни македонски вина ќе има и музика со настап на познати македонски пејачи и групи од народната и забавната музика, и други интересни содржини како изложба на стари коли – олдатјемри во сабота и претставување и сечење на џиновската пита пастрмајлија во недела во 16 часот.

Манифестацијата како и порано се одржува на главната улица „Благој Ѓорев“ во близина на кафитериите и кај култното место „Панини“, а наспроти е поставена и бината за настап на учесниците.

На манифестацијата се пријавени 13 угостители од градот кои договориле и единствена цена од 200 денари на питата пастрмајлија за стандардна големина. Воедно бројните винарии од Велешко и цело Повардарие на посетителите ќе им нудат и квалитетни македонски вина по 50 денари за чаша.

Питијадата започна со настапи на Миле Кузмановски, The hounds, ДНК и Нокаут, а вечерва ќе настапат детската група од Дајте музика, Наум Петрески и Зуица Лазова, Фолтин и Каролина Гочева.

Во продолжение погледнете дел од синоќешната атмосфера:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.