Од Прилеп за цела Македонија! Цврстина, сигурност, квалитет – Изберете “ИЗОФАС”

Со повеќе од три и пол децении постоење, компанијата Изофас ДОО Прилеп претставува препознатливо име во областа на градежништвото и градежното инженерство.

Уште од своето основање, градежништвото е основната дејност на компанијата, со фокус на изведба на објекти од нискоградба. Во текот на своето 35-годишно постоење, Изофас се изгради како симбол на цврстина, доверба и професионализам, зад кој стојат бројни успешно реализирани проекти во Прилеп и низ цела Македонија.

Компанијата нуди широк спектар на услуги, меѓу кои:

-производство на готов бетон

-армирано-бетонски работи

-изведба на водовод и канализација

-производство на бетонски елементи

-услуги за бетонирање

-транспорт на готов бетон и сепариран камен

Производството на готов бетон и бетонски производи се одвива со современа автоматизирана опрема, согласно со сите стандарди за квалитет, безбедност и заштита на животната средина.

За Изофас, градењето не е само работа — тоа е задоволство и посветеност. Најголемата инспирација им се задоволните и среќни клиенти, кои веќе со години им ја доверуваат својата визија.

Изберете сигурност, изберете квалитет и традиција! Изберете ги ИЗОФАС – Прилеп!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.