10-годишната Фани Јованоска од Крушево е дел од Македонската репрезентација и во моментов ги брани македонските бои на силен Меѓународен пинг-понг турнир во Шведска.
Фани веќе освои едно прво место на турнирот кој ќе трае уште два дена.
Фани започнала да тренира пинг-понг на 7 годишна возраст, а тренерите веднаш го забележале нејзиниот талент. Набргу таа започнала да игра за Македонската репрезентација. Со поддршка на претседателот на федерацијата Горан Тиловски и потпретседателот Златко Рикалоски, кои не се штедат во ангажирањето околу неа, Фани стигнува до Шведска.
Посветеноста, желбата и талентот ја вивнаа до спортските височини, а за тоа голема заслуга има и тренерот Зоран Јованоски.