Денес, 27.04.2016г. во 11 часот, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата – за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп, на знаење на Раководителот на Сектор за Општи и Административни работи на Општина Прилеп, г-дин Марјан Матракоски, но и во соработка со Центарот за Социјална Работа од Прилеп.
Целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците напишаа и своја порака за овие деца по повод престојните Велигденски празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите. Донациите лично беа предадени во просториите на Детската Амбасада, на пет семејства, од страна на Дете Амбасадорот Н.Е. Јана Неделкоска и Генералниот Секретар, г-дин Петар Стојаноски. Детската Амбасада во соработка со Центарот за Социјални Работи од Општина Прилеп ги избира семејствата на кои им беше доделена донацијата.
Овај проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, го помогнаа и пријателите на децата, Дисконт за маслинки „Иво“ од Прилеп и Живинарска фарма „Јоки комерц“ од Долнени, за кои Детската Амбасада во знак на благодарност ќе им додели Благодарница.
Детската Амбасада за Сите Деца во Светот на сите православни христијани им ги честита Велигденските празници, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.