Ќе поевтини лебот во Скопје најави мелничко-пекарската индустрија.
Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари зависно од грамажата.
Причината за поевтинувањето е во евтиното српско брашно кое се увезува на пазарот, објаснуваат од групацијата на мелничари и пекари кои апелираа до владата за субвенции од 2,5 денари по откупен килограм за се амортизираат загубите од, како што велат, скапата домашна пченица.
Покрај мелничарите, со свое барање настапија и земјоделците, кои побараа по 2 денари од килограм пченица.
Од министерството за земјоделство велат дека се во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање.
Одржани се неколку состаноци и се разгледуваат можни решенија на барањата.