Денес, 01.06.2022, започна реконструкцијата на кракот од улицата „Борка Талески“, односно дел од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот на Пеце Атанасоски до ООУ „Кочо Рацин“ – информираат од општина Прилеп.
-Со оглед на градежните активности кои ќе се одвиваат следниот период на ова место, Општина Прилеп ги замолува граѓаните и дуќанџиите кои делуваат во тој дел на чаршијата за поголемо трпение и претпазливост во нивното движење таму каде што ќе се одвиваат градежните активности.
Исто така, имајќи предвид дека комплетно ќе се реконструира и водоводната мрежа сакаме да ги известиме граѓаните дека во одредени делови ќе има прекин на водоснабдувањето поради градежните зафати.
Овој проект е од големо значење за општина Прилеп, како и за враќање на сјајот на прилепската чаршија – стои во соопштението од општина Прилеп.