Од денеска во клупи без мобилни телефони- еве за кои ученици важи тоа

Француските ученици од денеска се враќаат во училишни клупи без мобилни телефони, откако владата пред еден месец усвои Закон за забрана за користење на мобилни телефони во сите основни училишта.

Забраната се однесува на употребата на мобилни телефони во текот на часовите, вклучувајќи ги и паузите, освен во случај на итна потреба или деца со попреченост.

Според новиот закон, учениците се обврзани да ги исклучат своите телефони или да ги остават во шкафче, а наставниците имаат обврска да одземат телефони до крајот на денот, во случај на непочитување на законот.

Средните училишта, исто така, можат, доколку сакаат, да ја применуваат таа мерка.

Министерот за образование, Жан-Мишел Бланке, рече дека новата мерка има за цел да им помогне на децата да се фокусираат на часовите, за подобро да се социјализираат и да ја намалат употребата на социјални мрежи.

На 30 јули, францускиот парламент дефинитивно ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во училиштата, и таа одлука официјално стапи во сила денеска, на првиот ден од новата учебна година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.