Ивана Дамческа од Прилеп се запиша помеѓу децата кои ја скратија својата коса и ја донираа во холандската организација “Haarwensen” каде изработуваат перики за деца болни од pak, кои поради болecта ја изгубиле својата коса.
Косата на Ивана во плетенка е веќе испратена во Холандија, а оваа млада прилепчанка со својот потег покажа дека добрината на детското срце нема граници.
Секоја чест и поклон до земја за ваквите деца од кои треба да учат сите возрасни!
Благодарност до Ивана упатија и од Хуманитарното Здружение “Надеж”.
За потсетување на ист ваков гест претходно се одлучија и Kaлина Стојаноска и Марија Кузманоска од Прилеп, како и Петар Стефановски од Крушево.