Денеска во просториите на општина Прилеп се оддржа третиот работен состанок во рамките на проектот „Енерџинет“ финансиран од европската унија.
На состанокот учествуваа партнерите кои го спроведуваат проектот од Република Македонија и Република Грција, Општините Велес и Прилеп. Гостите ги поздрави и градоначалникот Марјан Ристески кој посочи дека проектот „Енерџинет“ е прв од овој вид во прекугранична соработка помеѓу двете земји и е добра основа на која сите учесници во иднина ќе можат да се потпрат при имплементацијата на проекти од енергетската ефикасност, но и можност за соработка со која постои отворена опција во иднина да се започне со нови проекти.
Проектот за енергетска ефикасност е во висина од 760 илјади евра, кои ќе бидат распределени меѓу петте општини. Освен план за одржлива енергија, во секоја од општините ќе се отворат и енергетски канцеларии, од каде тие ќе црпат информации од областа на енергетската ефикасност.