Одново зоврива состојбата помеѓу Русија и Украина: Драма во Киев синоќа (ВИДЕО)

Според украинскиот “Канал 112”, радикалите фрлиле димни бомби на руската амбасада во Киев.

Националниот совет за безбедност и одбрана на Украина во понеделникот одлучи да воведе 60 дневна воена состојба во земјата. Предлогот беше поддржан од претседателот Петро Порошенко – јавува “Спутник”.

Вчера, три бродови на украинската морнарица, во спротивно на членовите 19 и 21 од Конвенцијата на ОН за морско право, ја преминаа руската морска граница, влегле во привремено затвораната област на руските територијални води и се движеле од Црното Море кон Керч теснецот, информираше руската Федерална служба за безбедност.

Подоцна истиот ден, ФСБ објави дека три брода на украинската морнарица биле уапсени поради нарушување на руската државна граница.

“Украинските бродови не реагираа на законските барања на бродовите што ги придружуваа и направија опасни маневри”, истакнаa oд ФСБ.

Портпаролката на руското МНР овој потег на украинските бродови го нарече “гангстерски метод” на делување.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.