Втор ден прилепските средношколци се обединија и го кренаа гласот за “Заедничка Македонија”.
Одново грмеше од стотици грла млади луѓе: “МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…”
Прилепските средношколци порачаа:”Резервна татковина немаме” и ги отфрлија обвинувањата дека некој ги организирал и им наредил да ја бојкотираат наставата за да излезат на протест.
Средношколците покажаа и докажаа дека си ја сакаат државата и дека тука ја планираат нивната иднина.