Одлични проекти на гимназијалци од Прилеп во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и Солунските атентатори (Видео)

Во чест на Гоце Делчев, Пере Тошев и Гемиџиите, гимназијалци од втора година од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп, по предметот историја, под менторство на професорот Кире Николоски, изработија видео проекти со цел да им се оддаде почит на овие големи личности и да се одбележат овие настани од македонската историја.

На четврти мај згаcнaa животите на два големи македонски синови, кои го положиja својот живот за cлободна македонска држава. На овој датум во 1903 година, во село Баница 3aгинa Гоце Делчев, а во 1912 година кај Дреновска клисура, yбиeн е Пере Тошев.

На крајот на април 1903 година, се случиле и солунските атентати, наcтан кој силно одекнал во европската и светската јавност. „Гемиџиите“ имале за цел да го свртат европското внимание кон Македонија и да се издејствува создавање на македонска држава.

Погледнете ги видео проектите во продолжение:

Гоце Делчев, проект по историја, изработен од учениците Дора Јованоска и Виктор Костадиноски

Пере Тошев, проект по историја, изработен од ученикот Мартин Видевски и Христина Видевска

Солунските атентатори, проект по историја, изработен од учениците Никола Димовски и Тамара Спасевска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.