Прилепскиот кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ, кој и оваа сезона ќе се натпреварува во Втората кошаркарска лига на Македонија, формира своја подружница која ќе го носи името КК МЕГА БАСКЕТ ЈУНИОР.
Идејата е овој нов клуб да служи за усовршување на младите категории, и истиот ќе се натпреварува во Третата лига при КФСМ.
Токму затоа менаџментот на клубот бара поддршка од бизнисекторот, да го помогнат проектот со финансиски средства.
Целта е преку овој нов клуб да се откријат нови таленти помеѓу младите вљубеници во кошарката во Прилеп и регионот, а потоа истите да напредуваат, да дадат свој допринос за растот на прилепската кошарка, а зошто да не и да станат идни репрезентативци.
За оваа идеја да се оствари неопходни беа 4.000 евра, а сега благодарение на три општествено одговорни компании, целта ќе биде постигната.
Нека оваа успешна мисија, во која како медиум се обидовме да дадеме максимална афирмација, биде поттик за сите стопанственици да го помагаат прилепскиот спорт, се разбира секој во рамки на своите можности. Нашите млади заслужуваат услови за тренинг и развој! Да се надеваме дека ќе ја оправдаат довербата од бизнис секторот.
За потенцирање и пофалба е и тоа дека “Прилепска пиварница” покрива најголем дел од трошоците за првата екипа на “МЕГА БАСКЕТ”.