ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ: Победа утре игра на домашен терен

15380386_1048561048588289_2591969873602151737_n

Почитувани љубители на фудбалот,

Победа по долг период повторно ќе игра на „вистински“ домашен терен. Се надеваме дека им ставивме крај на уморните и скапи домашни натпревари во други градови.
Со почеток од 14ч. сабота (18.03.2017год) на теренот на Паркот на револуцијата „Могила“, ФК Победа го пречекува ФК Шкупи, екипа со која сме во тесна трка на табелата од Прва Македонска Лига.

Ова е една од најважните битки во борбата за опстанок, па поддршката од публиката ќе е витална!

Со нашата макотрпна работа за оспособување на овој терен, кој претходно не исполнуваше услови за играње натпревари од Прва лига, успеавме да добиеме дозвола за играње и со тоа да овозможиме да прилепските фанови гледаат прволигашки дуели во Прилеп. Но, односот на навивачите и публиката ќе биде бурно следен од официјалните лица и несмееме во ниеден момент да паднеме на тестот за добри домаќини.

Апсолутно непотребни и непожелни се непристојни однесувања на трибините и околу стадионот, затоа што со тоа може да нанесеме штета единствено на клубот, кој се бори за опстанок во оваа прва сезона како прволигаш по осум години.

Поставивме 1000 седишта и има простор за стоење за 500 гледачи, што е доволно за останатите прволигаши низ Македонија, но не и за поддржувачите на ФК Победа. Знаеме дека интересот ќе биде голем, па ги повикуваме сите оние кои ќе сакаат да го следат овој дуел, да дојдат еден час пред почетокот, за да можат да се обезбедат со влезница (која ќе чини симболични 100ден.), затоа што влезовите ќе бидат контролирани и несмее да има повеќе гледачи од бројот на столчиња.

Ова е голем тест за нас како домаќини и мора да го „положиме“, зошто ФК Победа е поголема и повредна од сите нас!!!

со почит,

Гоце Ингилизов
(Претседател на ФК Победа Прилеп)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.