Одличен потег на општина Кисела Вода, ќе се чистат крнтиите од улиците – ќе дочекаме ли во Прилеп?

Ако до 30 март сопствениците не ги отстранат возилата, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот, а против него ќе биде изречена глоба.

Општина Кисела Вода од вторник (15.03.2022) ќе почне да изрекува опомени до сопствениците на хаварисани возила да ги отстранат од местата каде што се оставени.

„Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30. 03. 2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото. Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата“, нагласуваат од Општината.

Акцијата на Општината е во соработка со полицијата и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Оставените моторни возило го попречуваат одвивањето на сообраќајот и ја загрозуваат човековата околина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.