Вчера во Струга се одржа Меѓународен Турнир во Џудо “Струга Опен” – 2023. На овој Турнир ЏК Сеишин-Прилеп зеде учество со вкупно 17 натпреварувачи, а освоени се вкупно 12 медали (2 златни, 3 сребрени и 7 бронзени).
Резултати поединечно:
Јуниори-ки:
1. Теа Настоска 1 во место
2. Кристина Мантароска 2 ро место
3. Теона Настоска 3 то место
4. Мартина Јанкоска 3-то место
5. Никола Магдески 3-то место
Пионери-ки:
1. Тамара Илиоска 2-ро место
2. Теодора Илиоска 3-то место
3. Немања Џагадуроски 2-ро место
Деца:
1. Матеја Николоска 3-то место
2. Владан Стрезовски 3-то место
3. Марио Конески 3-то место
Конкуренција- лица со попреченост:
1. Христијан Стојковски -Кико 1 во место.
Одлични борби прикажаа и Јован Стојановски, Михаил Димоски, Михаил Стојановски, Благојче Мантароски и Арсениј Димески кои не успеаја да изборат место на пиедесталот.
Екипата ја предводеа тренерите Дејан Мицкоски и Киро Здравески. Дел од членовите на клубот остануваат во Струга на тридневниот меѓународен џудо камп “Струга-2023”.