На турнирот во мешани боречки вештини во Белград “Теогенес Предизвик”, настапија 3 натпреварувачи од прилепскиот клуб Максам Фајт. Христијан Тасески -67 кг ,Виктор Нестот -73кг и Давид Шапуриќ -93 кг.
“Нашите борци се бореа олдично, беа кондиционо и технички спремни и издвојуваа две победи. Христијан Тасески победи во првата рунда со противник од Краљево. Давид Шапуриќ дебитираше на овој турнир, имаше поискусен и повозрасен противник и успеа да го победи на поени, додека пак Виктор Нестороски се бореше одлично, борбата беше изедначена но поради мала повреда на окото, превентивно, борбата беше прекината и победата му припадна на неговиот противник. Турнирот беше убаво организиран, олдично искуство за нашите борци. Продолжуваме и понатаму со следни активности”, истакнаа од прилепскиот фајтерски клуб.