ИК на ВМРО-ДПМНЕ вчера имаше своја редовна седница на која беше разгледана актуелната политичка ситуација во Македонија, но и општата закана по здравјето на граѓаните од корона вирус, која е причинета поради неспособноста на Заев и Филипче да менаџираат.
Дополнително ИК констатираше и дека Заев не води сметка за економската состојба на среден и долг рок. И преку константното задолжување, прво ги крши критериумите од Мастрихт, а следствено и ја загрозува ликвидноста и солвентноста на системот.
На седницата на ИК беа донесени и неколку кадровски одлуки.
За претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ беше избрана Жаклина Пешевска.
Пешевска е актуелен пратеник во собранието на Република Македонија. Доаѓа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба. А пред да биде избрана за претседател на Унијата на жени била член на ИК на Унијата на жени.