Огромни колони со луѓе од утрово пред сите филијали на банките во Прилеп.
Прилепчани реагираат на социјалните мрежи за надлежните да водат поголема грижа за овие гужви и да се регулира растојанието помеѓу луѓето.
Разбирливи се потребите на граѓаните, но на ваков начин уште поголема е опасноста од ширење на вирусот.
Упатуваме повик до сите граѓани кои имаат електронски платежни картички, колку што можат повеќе да ги користат истите за набавка на продукти, како и повик до младите да им помогнат на своите родители или баби и дедовци своите обврски кон банките да ги извршуваат по електронски пат.