Четириесет и четиригодишниот А.Ф. од Скопје, вработен во Македонски пошти како поштар вчера пријавил дека е ограбен.
Истиот ден околу 11:30 часот на ул. „Македонско Косовска Бригада“ од страна на две непознати лица со закана со пиштол му биле одземени околу 158.700 денари наменети за делење пензии, по што го напуштиле местото на настанот.
Од МВР денеска соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.