Овaa година нема да има К-15: Овие фиpми ќе бидат ocлободени

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци.

Премиерот Зоран Заев, кој денеска во Владата го презентираше четвртиот сет антикризни-мерки апелираше и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да им исплатат К-15 на своите вработени.

-Законите и колективните договори се јасни и треба да се почитуваат до крај, а тие даваат бафер каде може флексибилно да се дејствува во делот на исплата на К-15. Оние правни субјекти кои нема да остварат добивка немаат обврска да исплатат К-15 и други издатоци.

Таму каде ќе остварат добивка се должни да го почитуваат законот и колективниот договор. Така што голем дел од компаниите оваа година нема да покажат добивка и тоа на нас ни е јасно и затоа аконтациите на данок на добивка се одложуваат и таму согласно законот го имаат и баферот да не се исплати К-15.

Но, апелираме дури и оние фирми што оваа година нема да покажат добивка, а имаат финснсиски резервоари создадени од претходни години и финансиска моќ да исплатат К-15 заради тоа што тоа е поддршка кон нивните работници, поддршка на граѓаните, а за економијата значи зголемена потрошувачка моќ, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.