ОВР Прилеп поднесе kpивична пријава против 22-годишник за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит”

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(22) од Македонски Брод поради постоење основано сомнение за сторено kpивично дело „измама при добивање на кредит”, информира МВР во дневниот билтен.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе kpивична пријава против А.Ѓ.(22) од Македонски Брод поради постоење основано сомнение за сторено kpивично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и фирма од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање на кредит или друга погодност“.

Пријавениот како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во 2017 поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување доставена до АВРМ-Центар за вработување Прилеп и Пријава за користење на грант – согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма во Прилеп и склучил договор со АВРМ и УНДП по кое искористил средства во висина од 246.000 денари како директна набавка на опрема и материјали. Меѓутоа спротивна на договорот и обрвските тој воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во текот на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно со договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист, а на штета на буџетот на РСМ во изност од 246 000,00 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.