Овој остров во Шведска нуди бесплатен престој, постои само еден едноставен услов

Ако имате потреба да избегате на тивко место за да ја пронајдете вашата креативна страна, еден остров во Шведска може да биде вистинското место.

Остров Вифарнхолм во источна Шведска, наречен остров на идеите, им овозможува на уметниците да останат бесплатно во текот на летото.

Потенцијалните гости можат да аплицираат да останат на идиличниот остров, со тоа што ќе го опишат креативниот проект на кој ќе работат, за време на нивниот еднонеделен престој.

Групи до шест посетители можат да бидат сместени истовремено и тие ќе бидат единствените посетители на островот.

Самиот остров е само 7.000 квадратни метри, но може да се пофали со богатство на животински свет и зелени, неразвиени пејзажи. Исто така, постои пристаниште со чамци за гостите да го истражуваат местото со вода. Колибите се удобни, во скандинавски стил.

Сепак, посетителите мора да ги сносат трошоците за патување и оброци. Нема повеќе достапни резервации за ова лето, но во тек се резервации за лето 2020. Островот е отворен за посетители од 1 јуни до 30 септември.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.