Разочарувањето од погазувањето на законите и уставот и непочитувањето на народната воља, огромна меѓу прилепчани.
Чувството дека граѓаните се предадени од своите, Македонците, се со цел истите да се дограбат до власт по секоја цена, го поништува македонското ткиво и гази врз македонската посебност.
Вечерва прилепчани повторно масовно излегоа на улиците барајќи правда, барајќи да се слушне нивниот глас и да се престане со ова лудило што значи продажба на националните интереси.
Контроверзните изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев за бугарските медиуми од вчера, дека Македонците и Бугарите се еден ист народ, како и назначувањето на Талат Џафери за Претседател на Собранието, кој на првиот работен ден постави албански знамиња во претседателскиот кабинет, ги загрижуваат сите Македонци, сите патриоти, сите оние кои си ја сакаат и ценат својата татковина.
Прилепчани одново побараа нови избори, за да се чуе народниот глас за платформата од Тирана и да се стави крај на политичката криза.
Пред граѓаните вечерва говореше Примариус Д-р Благоја Дамески, кој упати силни пораки до граѓаните.