Овој викенд – Дервенска Тура ќе стартува од плоштадот „Александрија“ во Прилеп

_MG_9029

„ДЕРВЕНСКА ТУРА„ го опфаќа живописниот предел на превојот Дервен на планината Бабуна од која има извонреден поглед кон Прилеп, неговата околина и кон планините Мукос и Селечка. Оваа година оваа тура ќе се оддржи по втор пат посочи Душко Димкоски, организатор на настанот.

„Оваа тура се организира по втор пат, страртот е во 10 часот пред споменикот на Александар Македонски оваа недела. Патеката ги опфаќа: Камена Баба – Кукул, Рудник Сивец, с.Присад, Дервенска клисура, Манастир Св.Ѓорѓија – Присад , П.Д. Дервен, Борула…, а со топло чајче ќе бидат почестени сите учесници кај Домот Дервен. Секој учесник на старт потпишува Потврда за учество, малолетните лица може да учествуваат со согласност од родител и задолжително е носење на кацига“, посочи Димкоски во својата изјава.

_MG_9028

Градоначалникот Марјан Ристески ги покани сите заеинтересирани да се пријават на оваа тура.

„Ги поканувам сите велосипедисти, ентузијасти и сите љубители на природата и екологијата да се пријават на оваа тура, ние секогаш како локална самоуправа ги поддржуваме овие тури и мислам дека велосипедот е најубавото превозно средство за доживаување на прирпдните авантури“, посочи Ристески во својата изјава.

И оваа година ќе има две тури: мала и голема. Малата тура ќе биде со должина од 35 км и висинско искачување од 870м, а големата тура која ќе започне од Дервен ќе биде со должина од 45 км и искачување од 950 метри.
Турите ќе ги водат лица означени со РЕФЛЕКТИРАЧКИ ЕЛЕК и за СЕКОЈ ПРОБЛЕМ, учесниците ќе можат да се обратат кај нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.