Овие пратеници го поддржаа предлогот на Владата за уставни промени – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и колацијата гласаа ПРОТИВ

Со 10 гласа “ЗА” и 7 “Против”, комисијата одлучи уставните измени да одат на пленеарна седница на Собранието во понеделник.

“За” гласаа пратениците на владеачкото мнозинство, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа “Против”.

Претседател на Комисијата е собранискиот спикер Талат Џафери, а негов заменик е Џеват Адеми.

Членови на Комисијата за уставни прашања се: Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Миракоска, Самка Ибраимоски, Лилјана Поповска, Анета Симеска-Димоска, Татијана Лалачевска oд владеачкото мнозинство, Сурија Рашиди и Фадил Зендели од Алијанса на Албанците и БЕСА, како и Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоилковиќ и Стојан Миланов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

На седницата не беше присутен екс премиерот Никола Груевски кого го замени пратеничката Невенка Стаменковска, при што сите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата гласаа “Против” предлогот на Владата.

Во таборот на владеачкото мнозинство недостасуваше Лилјана Поповска од партијата ДОМ.

Пленеарната седница на Собранието е закажана за понеделник во 11:00 часот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.