Од пратениците на собраниската говорница најмногу зборувал Влатко Ѓорчев, а столчето на Али Ахмети најчесто било празно – вели анализата на “Алфа ТВ”.
Зоран Илиоски, Јагода Шахпанска, Димитар Стевананџија, Ванковер Манчев, Панчо Минов, Илија Димовски, Ивана Туфегџиќ, Реџел Исмаили, биле најгласните пратеници на седниците на собраниските тела.
Голем број од пратениците доаѓаат на работа, но не кажуваат ниту еден збор само притискаат тастери, а има и такви кои воопшто не дошле во Собранието. И нередовните и оние кои постојано молчеле, секој месец земале по 1.200 евра нето плата.
Публикацијата “Мој пратеник” покажува дека само 20-тина редовно зборувале од собраниската говорница, биле активни во комисиите и поднесувале амадмани и закони.
Традиционално најнередовни биле Али Ахмети и Мендух Тачи, а голем број на отсуства има и пратеникот Борис Змејкоски, но сите ги оправдал.
Најстариот пратеник Бранко Манојловски колку што бил присутен, толку бил и отсутен. Влатко Ѓорчев имал најмногу дискусии на пленеарна седница, но и најголем број реплики.
Често на говорницата излегувале и: Илија Димовски, Јагода Шахпанска, Благица Ласовска, Снежана Калевска Ванчева, Трајчо Димков, Магдалена Манаскова, Хари Локвенец, Весна Пемова и Никола Мицевски.
27 пратеници ниту еднаш не зборувале на пленеарна седница, а на дел од нив гласот не им се слушнал ниту на комисиска расправа – додаваат во анализата која ја направи новинарката Бојана Димитријевска oд “Алфа ТВ”.