Она што е најинтересно во оваа листа е тоа што на првото место не се наоѓа ни американската служба CIA ниту руската FSB.
- ISI – главна тајна служба на Пакистан основана во 1948 година. Нејзината должност е да собира клучни информации кои се однесуваат на националната безбедност. Американските “Crime News” ја прогласија пакистанската тајна служба за најдобра и најјака тајна служба од овој вид. Седиштето на ISI е во Исламабад.
- CIA – Од сите служби кои се одговорни за безбедноста на САД, најистакната е CIA. Примарната функција на CIA е анализа на податоците од странски државјани, анализа на податоците кои ги бара раководството на државата, како и посебни операции за претседателот.
- MI6- Британската служба MI6 е формирана нешто пред Прва Светска војна како би се занимавала со активистите на Германската влада. Седиштето им се нарекува “SIS building” и се наоѓа во Лондон. Оваа служба е вмешана во сите случувања во 20 и 21 век.
Агентите на MI6 се должни да водат грижа за внатрешните и надворешните терористички активности, како и за организациите и државите кои можат да ја загрозат безбедноста на Британија.
4. FSB – Рускиот FSB е наследник на некогашната KGB која делувала за време на постоењето на СССР. Оваа служба е основана 1995 година и е посветена на антитерористичките активности и заштитата на Руската Федерација.
Спрема некои податоци, FSB има 250.000 агенти кои работат тајно во земјата или како странски шпиони во многу земји во светот.
5. BND – Германскта BND е формирана за време на Втора Светска Војна за да ја шионира стратегијата и плановите на непријателите.
Буџетот на оваа служба е огромен, се смета дека располага со милјарди евра. Ја користат најсовремената опрема за да ги шпионираат непријателите во корист на владата.