Нови миленици на македонската публика се Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, коментаторите на српската „Аренаспорт“ која ги има правата за Лигата на шампионите.
Овие момци од се срце навива за Вардар иако тоа не е нивни клуб и доаѓаат од Србија.„ Радувај се Македонијо“, „Вардар гордост македонска“, постојано повторуваа Сретен и Стеван.
На социјалните мрежи веќе има повици и тие да бидат поканети на славјето и пречекот на ракометарите. Заслужија.