Сигурносните камери забележале жестока тепачка која се одиграла пред еден фризерски салон во Квинс во Америка.
Три мажи стоеле пред салонот и разговарале… Во тој момент покрај нив поминале двајца локални мафијаши и едниот од нив од нигде никаде го исплукал едно од момчињата.
Тоа што не го знаел е дека си поиграл со професионалниот УФЦ борач Џеред Гордон.
Настанал општ хаос! Започнала жестока улична тепачка. Во еден момент го скршиле и стаклото на фризерскиот салон, па Гордон ја расекол и раката. Борачот можел да остане без 3 прста, но имал среќа.
Мафијашите го извлекле подебелиот крај..