На островот Каталина покрај Лос Анџелес “Старт ап” компанијата Марине Биомас дизајнираше роботска подморница која би го унапредила берењето на кафеави алги.
За време на денот жиците на кои растат алгите се повлекуваат кон површината на морето за алгите да добијат што повеќе сончева енергија, а за време на ноќта се враќаат во длабочината каде има многу повеќе нутриенти.
Кога е време за берење на алгите, жиците ги повлекуваат на брод, каде се преработуваат во еквивалент на нафта.
Во исто време, научниците се трудат алгите да бидат уште побогати со енергија. “Ексон мобил” и “Синтетичка геномика” заедно работат на зголемување на уделот на масло во алгите од 20 на 40%, што би ги направило уште повеќе исплатливи.
? Watch how natural oil can be extracted from algae and refined into sustainable biofuels and other products. #Energy101 pic.twitter.com/7Z1OpyYgsC
— Energy Department (@ENERGY) July 27, 2018
“Алгите како биогориво се споменуваат уште од 70-тите години, но досегашните истражувања беа намерно неуспешни”, велат од “Старт ап” и дополнуваат дека конечно чукна тој ас алгите да се сметаат како опција.
Се повеќе и забрзано се бараат извори на енергија, но тоа мора да биде нешто што нема да ја уништи планетата.
“Алгите страшно брзо растат, многу побрзо од копнените билки. Имаат повеќе капацитет за фотосинтеза, па навистина се исплатува да се вложи труд и знаење во тоа алгите да се претворат во нафра”, вели Мишел Морисон.