Ова македонско име значи „сакана од Бога“: Убаво, а и лесно се изговара на сите јазици

Марија е најраспространетото име на светот.

Како името на мајката на Исус, името Марија симболизира чиста и длабока љубов. Во изворниот хебрејски јазик името гласи Мирјам, а нашиот облик е Марија според латинскижото Мариа.

Само значењето на името Марија не е со сигурност разјаснето. По новите толкувања името е изведено од египетското „mry” што значи „сакана“, односно „од Бога сакана“.

По старите толкувања името настанало од хебрејскиот збор „мир“ што значи (горко) и „јам“ што значи (море).

Поради големата почит кон Богородица, во католичките земји се до 15. век зборот Марија не се давало на имиња на луѓе.

Името Марија е застапено во сите земји во Европа, Северна и Јужна Америка и во делови од Азија. Посебно во Шпанија и во латинскиот дел на Америка се истакнува богат репертоар на женски имиња инспирирани од култот кон Исусовата мајка,

Други облици на името Марија се: Мариела, Маријета, Маријола. Марика, Маруша, Маша, Миа, Мајда, Мара, Маре, Марта, Мина итн.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.