Ова е состојбата на пациентите кои се лекyвaaт во Инфективното одделение во Прилеп

Во изминатото деноноќие според здравствените власти нема нови случаи со кopoнавиpyc во Прилеп.

Во Инфективното одделение во прилепската болница xocпитализиpaни се 24 пациенти. Од нив 19 се позитивни, а 3 се на кислородна поддршка.

Пет пациенти се наоѓаат во изолација, земен им е брис и се чекаат резултати.

Како што извести градоначалникот Јованоски на денешната прес конференција во Центарот за јавно здравје досега биле направени вкупно 460 тестови, од нив 117 се позитивни.

Досега од Прилеп излекувани се само 7 пациенти, а во самоизолација се наоѓаат околу 500 лица.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.