Сите нови пасоши содржат чип во кој се чуваат биометриски информации за вас кои се добиени од фотографијата. Токму тоа е главната причина зошто фотографијата на овој документ не треба да се смеете ниту да носите очила.
Всушност, таа фотографија ги скенира и клучните карактеристики на вашето лице, како што се растојанието меѓу очите, од врвот на носот до брадата.
Се што ги крие овие делови, како што се очила за сонце, или широка насмевка, ја смалува ефикасноста за користење на алгоритмот, нешто како фотографија која е надвор од фокусот.