Изминаа три фестивалски вечери на Пиво Фест 2016 или на најголемата и најмасовната фестивалска организација кај нас. Фестивалот на скарата и пивото и годинава на неговото 14-то издание понуди пред се многу забава, различни видови на пиво и превкусна скара.
Програмата на сцената направена по мерак за секаква публика и за љубители на различни жанрови на музика.
Организацијата феноменална!
Тоа го видовме пред одржувањето на втората фестивалска вечер, кога силното невреме донесе многу вода на просторот каде се одржува фестивалот. Екипите на комуналните претпријатија на градот со одлична координација од Локалната самоуправа, експресно се справија и во рок од еден час ја совладаа надојдената вода.
Колони и колони на автомобили кои пристигнуваат и денеска од сите краеви на државата, ветуваат и оваа вечер 100.000 публика и луда забава.
За големото финале на фестивалот вечерва ќе се погрижат: Александра Радович, Дејан Петрович Биг Бенд и Парни Ваљак.
Ваква беше атмосферата во градот под Марковите Кули изминатата вечер: