Ова е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за нов претседател на ДИК

Александар Даштевски ќе биде новиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Државната изборна комисија. Ова денеска на прес-конференција го потврди портпаролот на партијата Наум Стоилковски.

– Да, можам да потврдам дека со одлука на последниот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, професорот Александар Даштевски ја доби поддршката за предлог за нов претседател на ДИК, изјави Стоилковски.

Мандатот на актуелниот состав на ДИК истекува на 15 јануари, а во Собранието започна постапката за избор на нови членови на највисокото изборно тело во државата.

Изборот на членови на ДИК се врши согласно Изборниот законик. Претседателот го предлага опозициската партија која добила најмногу гласови на последните парламентари избори, која има уште еден член во Комисијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.