ОВА Е ПОНУДАТА ОД ЗАЕВ ДО АХМЕТИ: Албански „Топ Ченел“ ги открива деталите од понудата која Заев ја испртил до ДУИ!

Иако Македонија не се приближува кон можно решение по предвремените парламентарни избори во Декември, партијата на Заев СДСМ има одреден прогрес во преговорите со Албанската Демократска унија за интеграција (ДУИ) водена од Али Ахмети, пишува албанскиот канал „Топ Ченел“

zaev-ahmeti

Извори од СДСМ за „Топ Ченел“ изјавиле дека испратиле документ на 72 страници до ДУИ. Во овој документ, СДСМ ја прифаќа платформата потпишана од Албанските партии во Македонија. Заев ги прифатил сите услови на Албанските партии, и презентирал детален закон со кој се одобрува двојазичноста во Македонија.

Истите извори посочуваат деа документот кој бил испратен до Ахмети, ќе биде разгледуван денес од ДУИ, Алијансата за Албанците и БЕСА, пренесува „Топ Ченел“, но во меѓувреме БЕСА се предомисли за учеството во разгледувањето на документот.

Албанскиот како втор јазик во Макеоднија беше единствениот услов кој спречи коалиција помеѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, пишува Топ Ченел.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.