Ова е оригиналниот рецепт за Руска салата

Руската салата е редовен и неизбежен дел од Новогодишната трпеза

Во Русија руската салата се нарекува „Oливје“ според името на пронаоѓачот, францускиот готвач Лисјен Оливје.

Ова е рецептот по кој се подготвува во Русија денес. Пробајте дали ви е по мерак:

Состојки:

500 грама компири, 300 грама месо (говедско, телешко, пилешко или мисиркино – по избор), 200 грама кисели краставички, 2 моркови, 4 јајца, 200 грама грашок, 1 главица кромид, 1 лажичка сенф, 1 лажичка оцет, 1 жолчка, 300ml растително масло, сол (по желба)

Подготовка:

Сварете ги компирите, месото, морковот и јајцата. Исечкајте ги на мали коцкички. Исечкајте ги краставичките и кромидот и додадете го грашокот. Направете мајонез на следниот начин: Ставете го сенфот, солта и жолчката во длабок сад и мешајте со миксер. Додека мешате, додајте малку масло и оцет. Не престанувајте да миксирате додека мајонезот не ја добие посакуваната густина.

Сите состојки од салатата помешајте ги со мајонезот.

Добар апетит!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.