Со над 81 проценти, општина Вевчани е со највисока излезност во вториот круг од локалните избори до 18:30 часот.
Во останатите општини каде денеска се гласаше голема излезеност има во Демир Хисар 75,96%, Гевгелија 67%, Пробиштип 73%, Росоман 80%, Македонски Брод 75%…
Висока излезност денеска имаше и во Битола, каде во 19ч бројката надмина над 60%.
Излезеноста на ниво на Македонија е речиси иста како и во првиот изборен круг.