Кога таа земја беше во рецесија, Советскиот сојуз се уште постоеше, а Интернертот не, пишува угледниот Економист, по серијалот текстови за Австралија.
Економист пишува дека ниту една друга земја од групата на богати, освен Австралија, не успеала да има раст толку долго. Економист наведува дека согласно тоа, Австралија економски е најуспешна земја на светот.
Угледниот неделник објави графикони кои го покажуваат континуираниот раст од 1991 година, кога Австралија излегла од рецесија.
Но, пишуваат дека во другите сегменти таа земја е уште повеќе импресивна.
Додека во многу богати земји платите стагнирале, во Австралија, биле во голем раст.
Проблемот кој во многу земји предизвика разни негативни појави, како популизмот, во Австралија речиси и да не постои.
Но, тоа е не е единственото нешто по што оваа земја се издвојува.
Додека државите ширум светот се обидуваат да спречат имиграција, Австралија прима до 190.000 нови жители годишно. Односно речиси три пати повеќе ако се земе во предвид бројот на жители, од тоа што на годишно ниво го прима САД.
Толерантноста кон оние кои доаѓаат може да биде одраз, пишува Економист, на успешноста на социјалната држава.
Јавниот долг изнесува 41 процент од БДП и е еден од најниските меѓу развиените земји.
Австралискиот здравствен систем е хибрид на приватниот и јавниот. Државата пружа основна заштита за се, плаќајќи им на клиниките и болниците за секој извршен зафат, додека оние кои сакаат повеќе од основна здравствена заштита плаќаат дополнително.
Државата ги поттикнува граѓаните да уплаќаат во приватното здравствено осигурување кои гарантира пониски цени отколку што би им се наплатило во клиниките.
Економист, пишува, дека не е се така совршено.
Неделникот ја истакнува загриженоста од преголемата врзаност на австралиската економија со Кина, која е најголем купувач на австралиските минерали.
Луѓето стравуваат дека ако падне кинеската економија, со неа ќе се урне и австралиската.