“Рамница Сарат” е комунистички затвор во Романија кој важел за еден од најбруталните и најсуровите. Тој бил место во кое оделе сите кои се противеле на владеачкиот режим. Таму ги чекало мачење кое за цел имало да им ги ” исчисти либералните идеи”.
Вработените во затворот биле од редовите на комунистичката партија и сите имале иста задача, која писмено ја добивале од директорот на затворот: сите кодоши, саботери и непријатели треба да “пуштат крв”.
На сите затвореници им било строго забрането да ја напуштаат затворската ќелија, освен кога им било наредено. Медицинската помош ја добивале во ретки случаеви, а на чуварите им било строго забрането да покажуваат било какви знаци на хуманост.
Затворениците не смееле да се доближат до прозорите ниту да разговараат меѓусебно. Доколку ги посетел лекар тие требало да бидат свртени кон ѕидот и да одговараат на поставеното прашање.
МАРКУКУЛЕ.МК