Ова е маската која освои прва награда: Малата Миа ги освои симпатиите на сите со нејзината креативност (Фото)

Мила Забрчанец Спиркоска e ученичка од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп која освои Прва награда за поединечна маска на 21-то издание на карневалот “Прочка”.

Цртежот на Мила преточен во нејзин карневалски костим – “Хибрид од волк и ајкула”, кои симболизираат храброст и сила.

Ушите се од итра лисица, нос во вид на срце, со кој може да намириса љубов, а овој хибрид има и крилја за слободата во животинскиот свет и може да владее на земјата, во водата и на небото.

Браво за Мила за креативноста – напишаа од нејзиното училиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.